Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој старосната граница за воените резервисти се зголемува на пет години.
Според новиот закон, кој беше потпишан на 24 јули, максималната возраст на војниците, наредниците и заповедниците во резервниот состав се зголемува од 35 на 40 години. Максималната возраст на офицерите од среден ранг во резервата е зголемена од 45 на 50 години, а на високите офицери во резервната од 50 на 55 години.
Видете и ова: Лукашенко му рекол на Путин дека Вагнерците во Белорусија „сакаат да одат на запад“ во ПолскаЗа време на секоја мобилизација максималната возраст на резервните офицери ќе се зголемува за дополнителни пет години, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.
Со овој закон се создаваат услови за дополнително вработување при мобилизација. Конкретно, овозможува мобилизација на учесници во воени кампови за обука, регрутирање на луѓе кои веќе се мобилизирани од резерва, а исто така го задржува статусот на резервист за Русите кои добиле дозвола за престој или државјанство на друга земја.