Во неколкунеделната контраофанзива, украинските војници ослободија 227 квадратни километри земја заземена од Русија, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.
Таа рече дека силите на Киев вратиле 192 квадратни километри територија на јужните делови на фронтот. Од нив, 12 квадратни километри беа ослободени во текот на минатата недела.
Во делот околу градот Бахмут, кој сега е под контрола на руските сили, Украина повторно зазеде вкупно 35 квадратни километри.
Видете и ова: Ракетни напади врз Москва, Русија ја обвинува УкраинаМинатата недела Украина поврати четири квадратни километри во источниот регион Доњецк. Информациите не можат да бидат независно проверени, јави ДПА.
Русија почна војна против Украина во февруари 2022 година. Украинските воени набљудувачи велат дека трупите на Кремљ сè уште контролираат повеќе од 100 000 квадратни километри украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, кој беше незаконски анектиран во 2014 година.