Пожарникарите се борат со шумски пожар во областа Калабрија во јужна Италија, а метеоролозите предупредуваат на нов пораст на температурата во наредните денови.
Шумски пожар зафати делови од Калабрија, откако минатата недела температурите надминаа 40 степени Целзиусови.
Дополнителни противпожарни екипи пристигнаа од регионите на Кампанија и Лацио, како од и градот Месина на Сицилија.
Метеоролозите предупредуваат на екстремно високи температури до 48 Целзиусови степени на југот на Италија и на Сицилија и Сардинија.
Делови од северна Италија беа погодени од силно невреме придружено со силен дожд и град.
Видете и ова: Пожар на Родос: Илјадници ги напуштија домовите и хотелитеПожари беснеат и во Грција. Шумскиот пожар петти ден се шири на грчкиот остров Родос и принуди стотици луѓе да ги напуштат погодените села и плажи во саботата, соопштија властите.
Бродовите на крајбрежната стража и повеќе од 30 приватни чамци евакуираа најмалку 2.000 луѓе, вклучително и туристи, од плажите во близина на областите Киотари и Лардос на југоисточниот дел на островот, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Алексиу.