Во Белград започна дванаесеттиот протест „Србија против насилството“.
На 22 јули демонстрантите се собраа пред српското Собрание, од каде најпрвин ќе пешачат до седиштето на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), а потоа до зградата на Радио телевизија на Србија (РТС).
Протести, на покана на некои опозициски партии, од мај се одржуваат низ цела Србија поради незадоволството од реакцијата на државата по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај.
Организаторите бараат разрешување на раководството на РТС и сите членови на РЕМ, како и затворање на печатените медиуми и таблоидите кои пропагираат насилство.
Видете и ова: „Србија против насилството“: Поддршка за полицајата и барања за смена на раководството на РТСМеѓу барањата е и одземање на националната фреквенција на приватните телевизии Пинк и Хепи, како и укинување на програмите кои „промовираат омраза, неморал и агресија“, како што се реалните шоуа.
Учесниците на протестот бараат и оставка од министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и од директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.
На барање на група пратеници од опозицијата, Собранието на Србија расправаше за работата на министерката за полиција Братислава Гашиќ.
По неколкудневна дискусија не се гласаше за негово разрешување.