Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за „деблокирање“ на коридорот за жито во Црното Море, откако Москва се повлече од договорот за транспорт на жито.
Разменивме оценки за моменталната ситуација во Црното Море и за ризиците што таквата ситуација ги носи за глобалната безбедност на храната“, објави Зеленски на Твитер на 22 јули, по телефонскиот разговор со Столтенберг.
„Со господинот Столтенберг ги идентификувавме и приоритетите и идните чекори неопходни за деблокирање и одржливо функционирање на коридорот за жито во Црното Море“, додаде Зеленски.
Видете и ова: Украина се координира со Турција за враќање на договорот за извоз на житоДоговорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, имаше за цел да ја олесни глобалната криза со храната со тоа што ќе дозволи безбедно извезување на украинското жито, блокирано од руската инвазија на Украина.
Неколку пати се продолжуваше, но новиот рок за продолжување беше 17 јули, кога Русија објави дека се повлекува од договорот.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе се врати на меѓународниот договор за жито штом ќе бидат исполнети барањата на Кремљ.
Тие вклучуваат укинување на санкциите за продажба на руска пченица и земјоделско ѓубриво и враќање на Руската земјоделска банка во глобалниот платен систем.
Во текот на оваа недела, Русија бомбардираше објекти каде Украина складира жито во Одеса и други градови.
Москва, исто така, предупреди дека бродовите со жито што ги напуштаат украинските пристаништа ќе се сметаат за потенцијални воени цели.