Бугарија испраќа прв пакет тешка воена опрема во Украина од почетокот на инвазијата

Илустративна фотографија - борби во околината на Бахмут, Украина.

Бугарија одлучи да испрати околу 100 оклопни транспортери во Украина, како прва испорака на тешка воена опрема од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Агенцијата АП потегот го опиша како „пресврт во политиката на Бугарија“.

Во доцните вечерни часови на 22 јули, Парламентот во Софија го одобри владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина - возила со оружје и резервни делови.

„За“ беа 148 пратеници, а 52 беа против.

„Оваа опрема повеќе не е неопходна за потребите на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината борба за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на земјата по неоправданата и неиспровоцирана агресија на Русија“, се наведува во одлуката на Парламентот.

Видете и ова: Украина „гаѓаше руско село со касетна муниција“

БТР оклопните возила од советско производство беа испорачани во Бугарија во 80-тите години, кога земјата тогаш беше сојузник на Советскиот Сојуз во Варшавскиот пакт.

Бугарија е членка на ЕУ и НАТО и има голема залиха на оружје од советски стил, што Украина го бара и за него произведува муниција.

Досега Бугарија беше поделена по прашањето за испраќање оружје во Украина.

Одлуката на Парламентот предизвика противење од Социјалистичката партија и промосковските националисти од Партијата на преродбата, кои гласаа против.

Бугарија досега испратила само еден пакет воена помош во Киев, во кој главно имало панцири и шлемови.

Проевропската влада, која ја презеде функцијата на почетокот на јуни, сега подготвува втор пакет, кој наводно вклучува гранати и оружје, иако овие детали не се потврдени, истакнува АФП.

Видете и ова: Неколку жртви, меѓу кои и две деца, во руското гранатирање на Украина

Посветената бугарска индустрија, која е главен производител на мало оружје и муниција од советски стил, напредуваше по руската инвазија на Украина.

Но, фабриките му продаваа оружје на Киев само преку земји посредници, што беше решение кое на почетокот на војната го најде тогашниот премиер Кирил Петков, а го пофали Украина.

Прорускиот претседател Румен Радев се противи на директна продажба на оружје на Украина.

Но, министерот за одбрана Тодор Тагарев неодамна изјави дека е за промена на оваа политика и за започнување на директна продажба на оружје.

За да обезбеди поддршка од Бугарија, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Софија претходно овој месец.