Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја нападна Европската унија, поради спроведување на, како што ја нарече, „ЛГБТК офанзива“, велејќи дека неговата националистичка влада ќе ги заштити христијанските корени на земјата.
Во говорот во Романија, Орбан, кој е долгогодишен критичар на Брисел, рече дека се надева оти изборите за Европскиот парламент следната година ќе ги зајакнат владите внатре во Унијата кои го отфрлаат „федерализмот“ којшто го претставуваат Германија и Франција.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, донесе закон во 2021 година со кој се забранува употреба на материјали за кои се смета дека промовираат хомосексуалност и промена на полот во училиштата, наведувајќи ја потребата да се заштитат децата од „ЛГБТК пропагандата“ и со тоа повторното го ескалираше спорот со ЕУ.
Видете и ова: Унгарија и Полска го блокираа самитот на ЕУ поради мигрантитеТој, исто така, се судри со Брисел за други прашања, вклучувајќи го владеењето на правото и медиумските и судските реформи во Унгарија.
„ЕУ е или империја или (индивидуални) нации... Не треба да имаме илузии: федералистите се обидуваат да не истиснат“, рече Орбан.
„Тие отворено сакаа промена на власта (во 2022 година) во Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека тоа сега важи и за Полска.
Оваа есен во Полска се одржуваат парламентарни избори, а конзервативната партија Право и правда (ПиС) се обидува да добие трет мандат. Таа партија усвои многу политики кои се во согласност со онаа на Орбан, а двете земји имаат спор за владеење на правото со Брисел што доведе до суспензија на одредени европски фондови.
Видете и ова: Комитет на унгарскиот парламент го одложи гласањето за кандидатурата на Шведска за НАТООрбан тврди дека рамнотежата меѓу федералистите и државите - кои не беа подготвени да му отстапат повеќе овластувања на Брисел - беше нарушена кога Обединетото Кралство ја напушти ЕУ, а сега само Варшава и Будимпешта „ја држат својата (антифедералистичка) позиција“.
Со појавата на економските проблеми во земјата, Орбан ја засили својата анти-ЛГБТ реторика, според Ројтерс. Годишната инфлација надмина 25 отсто во првиот квартал.
„ЕУ го отфрла христијанското наследство, спроведува замена на своето население преку миграција и спроведува ЛГБТК офанзива“, рече во саботата унгарскиот премиер.