Во Грција и викендов важат предупредувањата за високи температури, а метеоролозите предупредуваат дека може да достигнат и до 45 Целзиусови степени.
На јавноста ѝ е препорачано да не излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно, а туристичките атракции ќе бидат затворени во најжешките делови од денот овој викенд.
Еден од водечките грчки метеоролози рече дека овој викенд би можел да биде најтоплиот јулски викенд во последните 50 години.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повика на „апсолутна будност“.
Видете и ова: Надвор од контрола пожарите на Родос и во областа АтикаПожарот продолжува да се шири, а пожарникарите се борат со десетици шумски пожари.
Службениците за итна помош и цивилна заштита предупредуваат на многу висок ризик од нови пожари низ целата земја.
Областа на западна Атина е меѓу најтешко погодените. Партнерите на Грција од ЕУ дадоа помош, вклучително и испраќање противпожарни авиони од Франција и Италија и повеќе од 200 пожарникари од Полска, Словачка, Романија и Бугарија.
Официјалните лица стравуваат дека ова може да биде најлошиот топлотен бран од летото 1987 година, кога стотици смртни случаи беа поврзани со екстремните временски услови.