Лица со дијабетес протестираа пред Министерството за здравство, со барање да добијат средства за мерење и контрола на болеста, како глукомери и ленти, кои недостигаат веќе седум месеци.
Меѓу нив имаше и деца, кои носеа транспарент „Да им го олесниме детството“.
Сетови за пумпи, сензори, глукомери и терапија недостасуваат и за 700 деца и млади кои најчесто имаат дијабетес Тип 1.
Во земјава има 150.000 граѓани со дијабет, од кои 45.000 се на инсулин.
Тие во 19 часот излегоа на предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот.
Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ).
Пред протестот претставници на Сојузот се сретнаа со министерот за здравство Фатмир Меџити. Иако излегоа задоволни од средбата, сепак одржаа протест, оти, како што рекоа, тоа што било кажано на срдбата, сакаат да го имаат и во писмена форма.
Тие бараат аптеките да бидат полни и снабдени за секој пациент што ќе дојде да си го земе тоа што му треба.
Видете и ова: Дијабетичарите во агонија - или нема инсулин, или нема како да се аплицираМинистерот за здравство Фатмир Меџити на средбата истакнал дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат да бидат надминати актуелните предизвици.
На состанокот е потпишана одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.