Украинската влада ја купи „Сенс банка“ (Sense Bank), која е поврзана со санкционираните руски олигарси Михаил Фридман и Пјотр Авен, откако Централната банка одлучи да ја отстрани институцијата од финансискиот сектор на Украина.
Украинскиот функционер Јарослав Железњак изјави дека овој потег ќе ја стави банката, порано позната како Афла-банк Украина, под раководство на украинското Министерство за финансии.
Потегот на владата уследи еден ден откако Централната банка посочи дека ќе биде назначена привремена администрација за „Сенс банка“, откако владата ќе ја одобри нејзината национализација.
Тој потег е преземен поради поврзаноста на банката со Фридман и Авена, кои во моментов се под санкции во Украина, објави Централната банка.
Владата на Украина се очекува да ја заврши национализацијата на банката до крајот на викендот.