Пациентите со дијабетес вечерва на протест

илустрација

Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели.

„По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150 000 граѓани, на 45 000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме, нагласуваат од СЗДСМ.

Видете и ова: Институционалната борба на лицата со дијабетес

Тие истакнуваат дека сите рокови се поминати и оти дошло време да си го земат тоа што им следува согласно Уставот, законите и буџетот. Повикуваат на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир.

„СЗДСМ како организатор, не поддржува и однапред се оградува од какво било насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваме од било какви други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвираност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки, потенцираат од Сојузот на дијабетичари.

За дијабетес Тип 1 не постои друга терапија освен инсулински инекции и пумпи.