Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на три члена од Законот за матичната евиденција.
Како што информираа од Судот, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство, што значи предметот останува отворен и понатаму.
„Согласно Деловникот на Уставниот суд одлука се носи со најмалку пет гласа „за“, велат од Уставен.
Видете и ова: Уставен суд контра Лога - не е побарано мислење за понатамошно постапување со издавање на изводитеИницијативата беше поднесена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.
„Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред сѐ поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство“, се наведува во иницијавата на „Левица“.
Од Уставен дополнуваат дека Судот дискутирал по предмет во кој се опфатени делови од три члена од Законот за матична евиденција, што, како што наведуваат, е различен од предметот во кој е оспорено Упатството за водење на матични книги и во кој во сила останува т.н. времена мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, сѐ додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај.
Видете и ова: Правна битка меѓу министерот Лога и Уставен за графата националност во изводитеКако што информираат од Уставен оспорени се три члена од Законот, односно зборот националност во изводите, каде покрај основните податоци за раѓање, живеалиште се додава и националноста на новороденчиња, на венчаните и на умрените.
Претходно, на 29 мај годинава Министерството за правда донесе упатство за водење на матичните книги со кое е предвидено во изводите од матичните книги да има и графа за етничката припадност, односно националност.
Уставниот суд на седница одржана на почетокот на овој месец со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд.
Во меѓувреме, од понеделникот (18.07.2023) Управата за водење на матична евиденција продолжи да издава изводи без графата националност, односно како што беше пред министерот Кренер Лога да го воведе упатството.