Протестот денеска на десетици авганистански жени во Кабул поради забраната за работа на козметички салони, го растурија талибанските сили со шмркови, електрошокери и истрели од огнено оружје во воздух.
Талибанците овој месец им дадоа на сопствениците на салоните рок од еден месец да ги затворат своите продавници, што предизвика загриженост кај меѓународните претставници за влијанието врз жените претприемачи.
Талибанците велат дека ги забраниле козметичките салони бидејќи нуделе услуги забранети во исламот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Оваа одлука на врховниот лидер на талибанците, Хибатула Ахунџада, е последното ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, на кои им е забрането образование, јавен простор и повеќето форми на вработување.
Во редок чин на јавно противење на талибанскиот режим, десетици козметичари се собраа денеска во главниот град Кабул за да протестираат против забраната.
Талибанците ги поливаа со вода и пукаа во воздух за да ги растераат.
Мисијата на ОН во Авганистан, УНАМА, го критикуваше задушувањето на протестите од страна на Талибанците.