ја обвини Русија дека во текот на ноќта извршила „намерен напад“ врз инфраструктурата за жито во црноморското пристаниште Одеса.
Големите експлозии и пожарот во руско складиште за муниција на анектираниот полуостров Крим, принудија масовна евакуација и затворање на автопатиштата.
Нападот во текот на ноќта врз регионот на Одеса беше „најмасовниот“ од почетокот на војната, изјавија за Радио Слободна Европа од воената администрација на регионот. Друг функционер рече дека тоа било „ноќ од пеколот“.
Видете и ова: Зошто е важен договорот за испорака на жито преку Црно Море?Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите врз Одеса се како одмазда за нападот на мостот на Крим во анектираниот Крим.
Сепак, Зеленски на својот профил на Телеграм истакна дека руските напади „намерно ги таргетирале“ локациите во регионот на Одеса што се користат за извоз на жито, неколку часа откако Русија одби да го продолжи договорот спонзориран од ОН со кој се дозволува испорака на украинско жито. во странство.
„Руските терористи намерно ја таргетираа инфраструктурата за продажба на жито, а секој руски проектил е удар не само за Украина, туку и за сите во светот кои сакаат нормален и безбеден живот“, рече Зеленски.