Од утринава, Министерството за внатрешни работи врши претреси на повеќе локации во државата, а уапсени се повеќе лица.
Од МВР велат дека во тек се претреси во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), а за деталите околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.
Од ОЈОГОКК потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек. Најавуваат целосна информација во текот на денот.