Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков.
Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.
Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.
Видете и ова: Владата на потег- дали ќе се продаваат становите на Мијалков?Вкупната почетна вредност на сите акции засега изнесува 268 илјади евра.
„Со оглед на тоа што предмет на продажба се и акции издадени од банки – ТТК Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и Халк Банка АД Скопје, потребно е да се има предвид дека согласно Законот за Банки, доколку некој од купувачите се стекне со квалификувано учество мора претходно да има добиено согласност од НБРСМ. Во Законот за банки е предвидено дека секое лице кое има намера, директно или индиректно, постапно или одеднаш, да стекне акции чиј вкупен кумулативен номинален износ изнесува или надминува 5%, 10%, 20%, 33%, 50% и 75% од вкупниот број на акции, односно од вкупниот број на издадени акции со право на глас во банката, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само илизаедно со други поврзани лица, директно или индиректно, е должно да поднесе барање до Народната банка за добивање претходна согласност“, се наведува во огласот на Агенцијата за конфискација на имот.
Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.