Македонската фирма Сајтрокс (Cytrox AD) се најде на американската „црна листа “ заедно со уште три други како фирми кои со своите делувања работеле спротивно на американската национална безбедност и надворешнополитичките интереси на Соединетите Држави. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на САД.
Станува збор за фирмите Интелекса С.А (Intellexa S.A.) во Грција, Интелекса Лимитед (Intellexa Limited) во Ирска, Сајтроск (Cytrox AD) во Северна Македонија и Сајтрокс Холдинг (Cytrox Holdings Crt) во Унгарија.
Претходно македонската софтврска компанија Сајтрокс во декември 2021 година беше додадена на „црната листа“ на Фејсбук заедно со унгарската компанија мајка Сајтрокс Холдингс поради злоупотреба на мрежата за шпионажа на корисници. Тие беа дел од седумте компании кои Фејсбук ги блокираше поради сомневање за шпионажа и злоупотреба на податоци.
Македонската ИТ фирма Сајтрокс, која развивала малициозен софтвер за Ајфон и Андроид паметните телефони беше блокирана од Фејсбук поради злоупотребата на социјалната платформа за шпионажа на корисниците.
Видете и ова: Македонски и српски компании на „шпионската листа“ на ФејсбукОвие четири компании се додадени на списокот на комерцијални шпионски ентитети врз основа на утврдувањето дека компаниите кои се занимаваат со трговија со сајбер податоци искористиле за да добијат пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедност на поединци и организации ширум светот.
Распространестоста на комерцијалните шпионски софтвери претставува посебен растечки контраразузнавачки ризик за Соединетите Држави, вклучително и за безбедноста на САД.
„Списокот на ентитети останува а моќна алатка во нашиот арсенал за спречување на лошите актери ширум светот да користат американски технологија за да ги постигнат своите злобни цели“, изјави американскиот заменик-секретарот за трговија Дон Грејвс.
Видете и ова: ПЕГА - Итно да се расчисти случајот со прислушување во Грција„Остануваме силно фокусирани на спречување на ширењето на дигиталните алатки за репресија“, рече заменик-секретарот на Бирото за индустрија и безбедност Алан Естевез.
Злоупотребата на овие алатки на глобално ниво, исто така, ја олеснува репресијата и овозможува кршење на човековите права, вклучително и заплашување на политичките противници и ограничување на несогласувањето, ограничување на слободата на изразување и следење и таргетирање на активисти и новинари, се вели во соопштението на Стејт Департментот.
Во него е посочено дека овој потег на американската администрација е дел од напорите да им се спротивстави на ризиците од комерцијалните шпионски софтвери.