Трамп е известен за истрагата околу обидите за поништување на изборните резултати од 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави на 18 јули дека добил писмо од специјалниот обвинител Џек Смит, во кое го информирал дека е цел на истрагата на Министерството за правда за напорите за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, што е индикација дека наскоро би можел да биде обвинет од федералните обвинители.

Трамп во изјавата објавена на неговата социјална мрежа „Truth Social“ дека вакво писмо претходи на обвинение и се користи за да се посоветуваат поединци дека обвинителите имаат докази кои ги поврзуваат со кривично дело. Трамп доби такви писмо и пред да биде обвинет минатиот месец во посебна истрага за неправилно постапување со доверливи документи.

Портпаролот на специјалниот советник Џек Смит, чија канцеларија ја води истрагата, одби да коментира.

Видете и ова: Прво судско рочиште на Трамп во Флорида


Тимот на Смит фрли отвори истрага за обидите на Трамп и неговите сојузници да го блокираат легитимниот трансфер на власта на демократот Џо Бајден во деновите пред бунтот на 6 јануари во Капитолот на САД, кога лојалистите на Трамп упаднаа во зградата во обид да се наруши сертификацијата на изборните гласови во Конгресот. Над илјада луѓе се обвинети за учество во немирите.

Трамп во својот пост посочи дека му биле дадени „многу кратки 4 дена да се пријави пред Големата порота, што скоро секогаш значи апсење и обвинение“, но помошниците не одговорија веднаш на прашањата кои бараат јасност на овие прашања.

„Овој лов на вештерки е за мешање во изборите и целосно политичко вооружување на органите на прогонот!“, напиша Трамп.

Трамп е првиот поранешен но и како актуелен претседател кој се соочил со кривични пријави во америнските судови.Трамп ги демнатираше обвиниенијата и во јавноста го прикажа случајот како обид да се поткопаат неговите напори за реизбор.