Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа владејачка партија. Информацијата денеска ја потврди координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, откако вчера Изет Меџити најави формирање ново политичко движење.
Вторaта пратеничка што ја напушти пратеничката група е Мерита Колчи-Коџаџику.
Видете и ова: Меџити ја почна процедурата за формирање на ново движењеАдеми изрази жалење што преку медиумите биле информирани дека двајцата пратеници го избрале тој пат. Според него, двајцата биле добро третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба и дадена одговорност партијата.
„Во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана“, рече Адеми.
Тој додаде дека има опозициски политички партии, кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.