Русија го прекина учеството во договорот за извоз на жито преку Црното Море, објави Кремљ во понеделникот, 17 јули.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција најави раскинување на договорот, додавајќи дека Русија ќе се врати на договорот откако ќе бидат исполнети нејзините барања.
„Кога ќе се спроведе делот од Црноморскиот договор што се однесува на Русија, Русија веднаш ќе се врати на спроведувањето на договорот“, рече Песков.
Видете и ова: Ердоган: Со Путин сме на иста страна за договорот за житоДоговорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, имаше за цел да ја олесни глобалната криза со храната со тоа што ќе дозволи безбедно извезување на украинското жито, блокирано од руската инвазија на Украина.
Неколку пати се продолжуваше, но новиот рок за продолжување беше 17 јули. Русија со месеци вели дека не се исполнети условите за негово продолжување.
Во понеделникот Русија ја обвини Украина дека во текот на ноќта го нападнала мостот на Крим со поморски дронови, при што загинаа две лица.