Преку заеднички систем на наплата патарините во Србија и Северна Македонија од денеска можат да се плаќаат со ТАГ уред. Тоа значи дека патниците нема да мора да застануваат на патарините за да плаќаат, туку ќе им се наплатува преку уредот во двете земји.
Овој систем е дел од проектите на иницијативата „Отворен Балан “ и со него ќе се овозможи непречено движење преку териториите на двете земји истакнаа на промоцијата на проектот македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ, со овој систем.
„Ова е најдобра потврда дека Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат. За само три месеци, српските и македонските инженери успеаја да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка во Македонија, која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, па и камионите ќе можат да поминуваат“, рече Ковачевски на промоцијата на граничниот премин Прешево.
Ковачевски додаде дека бројот на српските туристи во изминатите две години е за 500% поголем во споредба пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан.
Она што следува е воведување софтверско решение за непречена размена на работници, преку кој секој ќе може да се регистрира во Србија, Македонија и Албанија, без административни процедури кои денес траат по три месеци.
Видете и ова: Рама и Ковачевски- Берлинскиот процес е поголем од Отворен Балкан„Во 21 век слободниот проток на стоката, услуги, капитал, луѓе, олеснувањето на студирањето на, лекување, работни дозволи е нешто што е безбедна и сигурна иднина. А тоа ќе ја направи иднината многу поинаква од минатото какво што имавме мислам пред се на 90-тите години, изјави Брнабиќ.
Таа на прашањето за изјавата на албанскиот претседател Еди Рама за дека иницијативата Отворен балкан е завршена работа, вели дека не се согласува и дека за таа иницијатива таа гледа светла иднина.
„Ќе покажеме како одговорни политичари на младите во регионот дека можеме да направиме поинаква иднина, услови што значи дека тие ќе остануваат во овој регион, овде да работата да создаваат свои семејства и да создаваат нова вредност, за сите земји во регионот така што верувам дека без разлика на одредени изјави не верувам дека премиерот Рама е против иницијативата Отворен Балкан, мислам дека за тоа зборуваме на последната прес-конференција со претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека иднината е светла и безбедна, изјави Брнабиќ.