ЕУ-Азербејџан и Ерменија да се воздржат од насилство

Belgium - EU Council President Charles Michel meets the leaders of Armenia and Azerbaijan in Brussels, July 15, 2023.

Европската унија (ЕУ) ги повика Азербејџан и Ерменија да се воздржат од насилство и остра реторика за време на последната рунда преговори во мировниот процес во кој Русија исто така се обидува да ја задржи водечката улога, пишува новинската агенција Ројтерс.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на 15 јуни во Брисел беше домаќин на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, со цел да се стави крај на повеќе од тридецениските непријателства.

Од распадот на Советскиот Сојуз, двете земји водеа две војни за Нагорно-Карабах, планинска енклава која е дел од Азербејџан, но е дом на околу 120.000 етнички Ерменци.

Видете и ова: Азербејџан го прекина сообраќајот меѓу Ерменија и Нагорно Карабах


Ерменија наведува дека предложениот мировен договор треба да им обезбеди посебни права и да ја гарантира нивната безбедност.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го отфрли барањето во интервју за Ројтерс во јуни, велејќи дека тоа е непотребно и дека претставува мешање во работите на Азербејџан.

„Вистинскиот напредок зависи од следните чекори што треба да се преземат во блиска иднина. Како приоритет, насилството и острата реторика мора да престанат за да се обезбеди соодветна средина за преговори за мир и нормализација“, рече Мишел.

Тој им рече на новинарите дека на населението на терен му требаат уверувања, пред се во однос на нивните права и безбедност. Мишел рече дека ЕУ, исто така, го охрабрила Азербејџан да разговара директно со Ерменците од Карабах со цел да се развие довербата меѓу двете страни.

Не е познато како реагирал Алиев на тоа, бидејќи и тој и Пашинјан си заминале без да им се обратат на новинарите.