Пеколните горештини уриваат рекорди

Илустрација, Шпанија

Десетици милиони луѓе се борат со опасно високи температури ширум светот на 16 јули, додека прогнозите за рекордно толло време надвиснуват над САД, Европа и Азија, како најново регистрирана последица од глобалното затоплување.

Моќниот топлотен бран што се протега од Калифорнија до Тексас се очекуваше да го достигне врвот овој викедн, како што соопшти американската Национална метеоролошка служба, која предупреди на „исклучително топол и опасен викенд“.

Метеоролозите предупредуваат дека дневните максимални температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени целзиусови над нормалата на запад. Главниот град на државата Аризона, Феникс, забележа 16 последователни денови со температури над 43 степени Целзиусови, при што жителите се соочија со температури од 45 степени Целзиусови во саботата, на пат до очекуваните 48 степени Целзиусови.

Во Калифорнија, едно од најжешките места на Земјата, исто така веројатно ќе регистрира нови врвови во недела, при што живата веројатно ќе се искачи на 54 степени Целзиусови.

Властите алармираат, советувајќи ги луѓето да избегнуваат активности на отворено во текот на денот и да внимаваат на дехидрација. На градилиштето надвор од Хјустон, Тексас, 28-годишен градежен работник Хуан вели дека е неиздржливо да се работи на вакво време.

„Токму кога ќе пијам вода, ми се врти, сакам да повраќам поради жештината“, изјави тој за новинската агенција Франс прес.

Пожари во Јужна Калифорнија

Метеоролошката служба во Лас Вегас предупреди дека е погрешно толкувањето дека вакви високи температури се нормален дел од климата во пустина.

„Овој топлотен бран не е типична пустинска топлина“, се вели во нивното соопштение.

Јужна Калифорнија се бори со бројни шумски пожари, вклучувајќи го и оној во округот Риверсајд кој зафати површина од повеќе од 3.000 хектари и поттикна наредби за евакуација.

Видете и ова: Летните горештини во Европа ќе стануваат рутина

Понатаму на север, канадската влада извести дека шумските пожари изгореле рекордни 10 милиони хектари оваа година, а се очекуваат поголеми штети како што летото се одолговлекува.

Историски највисоки температури

Во Европа, Италија се соочува со прогнози за викенд на историски највисоки нивоа, а Министерството за здравство издаде црвен аларм за 16 градови, вклучувајќи ги Рим, Болоња и Фиренца.

Обид за справување со високите температури во Италија

Метеоролошкиот центар ги предупреди Италијанците да се подготват за „најинтензивниот топлотен бран на летото и исто така еден од најинтензивните на сите времиња“.

Термометарот најверојатно ќе достигне 40 Целзиусови степени во Рим до понеделник и 43 степени Целзиусови во вторник, соборувајќи го рекордот од 40,5 степени Целзиусови поставен во август 2007 година.

Видете и ова: Пеколно лето во најава – канадерите на сервис, се бараат пилоти

Островите Сицилија и Сардинија најверојатно ќе бидат погодени со температури до 48 степени Целзиусови, предупреди Европската метеоролошка агенција, додавајќи дека тоа може да бидат „потенцијално најтоплите температури некогаш забележани во Европа“.

Акропол во Атина, една од главните туристички атракции во Грција, е затворен во најжешките часови во недела, трет ден по ред.

Во Франција, високите температури и сушата што произлегуваат претставуваат закана за земјоделската индустрија. Но министерот за земјоделство Марк Фесно доби критики од експертите за неговиот став дека темпертурите се „доволно нормални за лето“.

Според националната метеоролошка агенција, овој јуни беше втор најтопол во Франција, а неколку области во земјата се под тревога од топлотен бран од вторникот.

Туристичката атракција Шпанија ќе се соочи со сериозен топлотен бран. Шпанската метеоролошка агенција предупреди дека новиот топлотен бран од понеделник до среда ќе донесе температури над 40 степени Целзиусови на Канарските Острови и јужниот регион Андалузија.

Убиствени поројни дождови

Додека поројните дождови ја зафатија северна Јапонија во неделата, еден маж беше пронајден мртов во поплавен автомобил, а една недела подоцна седум лица загинаа во слично време во југозападниот дел на земјата.

Поплави во Јужна Кореја по долготрајните дождови

Во делови од источна Јапонија се очекува температурите да достигнат 38-39 степени Целзиусови во недела и понеделник, а метеоролошката агенција предупредува дека температурите би можеле да ги надминат и претходните температурни рекорди.

Во Јужна Кореја, спасувачите во неделата се бореа да стигнат до луѓето заробени во поплавен тунел, откако обилните дождови во последните четири дена предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа најмалку 33 лица, а 10 се водат како исчезнати.

Видете и ова: Сончево со температура од над 40 степени во некои делови од земјата


Земјата е на врвот на летната сезона на монсуните, со прогноза за повеќе дождови до среда.

Во северниот дел на Индија, немилосрдните монсунски дождови, по топлото време причиниле смрт кај најмалку 90 луѓе.

Големите поплави и лизгање на земјиштето се вообичаени за време на монсуните во Индија, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат нивната фреквенција и сериозност.

Кина во неделата издаде неколку температурни предупредувања, предупредувајќи дека термометрите би можеле да достигнат 40-45 Целзиусови степени во делумно пустинскиот регион Ксинџијанг и 39 степени во јужниот регион Гуангкси.

Мароко беше планирано за натпросечни температури овој викенд со високи 47 степени Целзиусови во некои провинции -- потипични за август отколку јули -- што предизвика загриженост за недостиг на вода, соопшти метеоролошката служба.

Лани над 60 илјади луѓе починале од болести кои негативно реагирале на високи температури

Според податоците од студија објавена во списанието „Природа и Медицина“ над 60 илјади луѓе починале минатата година од болести поврзани со високи температури.

Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000.

Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените.

Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше ,исто така, важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен.

Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот.

Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.