Рускиот претседател Владимир Путин изјави на 17 јули дека Русија има „доволно залихи“ на касетни бомби и дека Москва го задржува правото да ги користи доколку таква муниција се користи против руските сили во Украина.
„Се разбира, доколку се искористат против нас, го задржуваме правото да преземеме реципрочни дејствија“, рече Путин во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени во неделата.
Видете и ова: САД ќе обезбеди касетна муниција за Украина, дел од новиот воен пакетУкраина доби касетни бомби од САД, муниција забранета во повеќе од 100 земји. Киев вети дека ќе ги користи само за отстранување на концентрациите на непријателски војници.
Долго барани од Украина, касетните бомби се експлозивни оружја, кои се распрснуваат на голема површина и се наменети да направат уништување на повеќе цели одеднаш.
Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, некои касетни муниции оставаат зад себе бомби кои имаат висока стапка на неексплодирање - до 40% во некои случаи.