Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека се на иста страна со рускиот претседател Владимир Путин кога станува збор за продолување на договорот со кој се овозможува извоз на жито од Украина од Црното Море.
Зборувајќи за новинарите, Ердоган рече дека уште се надеваат дека договорот ќе биде продолжен од сегашниот краен рок на 17 јули како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција.
Видете и ова: ОН ја убедуваат Русија да го продолжи договорот за извоз на жито од УкраинаЕвропската комисија им помага на Обединетите нации и Турција да се обидат да го продолжат договорот за жито и е отворена да ги „истражи сите решенија“, изјави во четвртокот портпаролот на Европската унија.
ОН и Турција посредуваа во Црноморската иницијатива за жито со Русија и Украина во јули 2022 година за да помогнат во ублажувањето на глобалната криза со храна влошена со инвазијата на Москва и блокадата на украинските пристаништа. Украина и Русија се меѓу водечките светски извозници на жито.