Адвокатскиот тим на Вол стрит Џурнал понуди увид на 13 јули во „фрустрирачкиот“ процес на обидот за ослободување на новинарот Еван Гершковиќ, кој е приведен во Русија од 29 март под обвинение за шпионажа.
Џејсон Конти, шеф на правниот тим на американскиот весник, рече дека имало „многу работа, но многу нејасен напредок“ во напорите за ослободување на Гершковиќ. Конти зборуваше на прес-конференција во Вашингтон по повод 100 дена од притворањето на дописникот од Москва.
Гершкович (32) беше уапсен во Екатеринбург, Русија под обвинение за шпионажа кои постојано беа демантирани од Волстрит журнал и од Соединетите Држави. Минатиот месец судот го поддржа барањето на руските власти за продолжување на притворот на Гершковиќ најмалку до 30 август.
Видете и ова: Блинкен: Русија неправедно го приведе новинарот на „Волстрит журнал“Говорниците на конференцијата ја пофалија брзата акција на американскиот претседател Џо Бајден, кој апсењето го нарече погрешно. На 13 јули, Бајден рече дека е „сериозен“ во врска со размената на затвореници за Гершковиќ и рече дека процесот е во тек. Кремљ претходно овој месец предложи дека е отворен за можна размена на затвореници, но нагласи дека разговорите мора да се одржат далеку од очите на јавноста.
Конти рече дека на правниот тим му е забрането да се договори за признавање вина додека не се донесе пресуда за вина, иако тој рече дека нема ништо во рускиот закон што го бара тоа. Меѓу оние што зборуваа на прес-конференцијата беше и Џејсон Резајан, новинар на Вашингтон пост, кој беше притворен во Иран повеќе од една и пол година.
Резајан, кој беше ослободен во 2016 година, рече дека иако системите на Иран и Русија се различни, и тој и Гершковиќ „немале никакво влијание врз тоа што ќе се случи“.
Резајан и другите говорници ја осудија употребата на незаконски притвор на новинари, велејќи дека затворените судења и неоснованите обвинувања се користат за да се оправда земање заложници и да се одвратат новинарите да известуваат за тие земји.