Политика и ќотек
КОСОВО - Претставници на Демократската партија на Косово физички го нападнаа косовскиот премиер Албин Курти додека тој држеше говор во Собранието.
МАКЕДОНИЈА - Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.
МАКЕДОНИЈА - Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд е побарано мислење во која било форма за понатамошно постапување со издавање на изводите, бидејќи нема пристигнато таков допис ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда, информираат од Уставниот суд.
РУСИЈА - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека доставување на воените авиони Ф-16 на Украина за Москва значат нуклеарна закана.
САД / КИНА - Хакери лоцирани во Кина добиле пристап до е-поштата на 25 организации, вклучувајќи ги и владините агенции на Соединетите Држави, тврди Мајкрософт. Софтверската компанија не даде детали за тоа кои владини агенции се вклучени.
СРБИЈА - На антивоениот активист и основач на Руското демократско друштво во Србија, Петер Никитин, на 13 јули му беше забранет влез во Србија.
САД - Илон Маск го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за ChatGPT.
УКРАИНА - Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во синоќешниот напад на руски беспилотни летала врз Киев, соопштија властите.
ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Европската тројка министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка по средбите со сите политички лидери во Скопје порачаа дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија. До Софија испратија порака да размислува стратегиски.
АВГАНИСТАН - Авагнистанки протестираа во Кабул против одлуката на талибанските власти за затворање на салоните за убавина. Жените во Авганистан, од доаѓањето на Талибанците на власт, немаат речиси никакви права.