Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд е побарано мислење во која било форма за понатамошно постапување со издавање на изводите, бидејќи нема пристигнато таков допис ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда, информираат од Уставниот суд.
Институцијата смета дека се „невистинити и неточни тврдењата“ искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога на телевизија „Сител“, кој „погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги“.
„Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд“, се вели во реакцијата на Уставен суд.
Видете и ова: Правна битка меѓу министерот Лога и Уставен за графата националност во изводитеВо интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со кој било учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука.
„Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите, се вели во реакцијата на институцијата.
Претходно, Уставниот суд донесе времена мерка со која го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност. Веднаш по оваа одлука Министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд.