Со транспарент „Европски плати за вас и за нас“ судската администрација денеска побара да им се вратат додатоците на плата укинати со истиот член кој им овозможи зголемување на платите на избраните и именуваните лица од 78%. Судските службеници бараат нов закон за независен судски буџет и нов закон за судска служба.
„Денес штрајкуваме во сите судови, Основен Битола, Струга, Охрид, Штип, Свети Николе, Тетово… Најавуваме генерален штрајк од први септември. Ќе блокираме и улици и нема да може од наши средства да се полни буџетот. Нема да се вадат ни уверенија за неосудуваност, ни за трето дете, да видиме каде одат овие пари“ рече Јасмина Величкова претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.
Видете и ова: Хаос со платите, функционери со над 2 илјади, наставници со 200 евра платаМинистерот за финансии Фатмир Бесими вчера не им го потпиша одобреното покачување од 15 % за додатоци на плата. Величковска вели дека судската администрација нема претстава зошто министерот не ја потпишал одлуката, а на денешниот протест судските административци кажаа и дека се против усвоеното покачување на платите за само 10 %.
„Ние не се согласуваме со покачување на плата од 10 % што Владата и Сојузот на синдикати го договорија. Исто така не се согласуваме ни со К 15 во висина од десет илјади денари, а многу револтирачки е што од нашите средства доделени од Судскиот совет, 15 % на плата, вчера министерот за финансии ги одби“, рече претседателката Величкова.
Од Здружението на судска администрација побараа менување на законите на начин кој ќе одговара на должностите, правата и одговорностите што ги има судската администрација.