Маск стартуваше компанија за развој на вештачка интелигенција

Илон Маск

Илон Маск го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за ChatGPT.

Стартапот ќе биде предводен од Маск, извршниот директор на Тесла и сопственик на Твитер кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.

„Го објавувам основањето на xAI за да ни помогне да ја разбереме реалноста“, објави Маск на Твитер.

Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на DeepMind, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Микрософт.

Видете и ова: ЕУ со закон за регулација на вештачката интелигенција

Овој милијардер во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако OpenAI го лансираше популарниот чет-бот ChatGPT во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.

Новата фирма на Маск е одвоена од X Corp, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.