Почина чешкиот писател Милан Кундера

Милан Кундера

На 94-годишна возраст почина познатиот чешки писател Милан Кундера, автор на романот „Неподносливата леснотија на постоењето“, објави локалниот јавен сервис.

„За жал, можам да потврдам дека Кундера почина вчера (вторник, 11 јули) по долго боледување“, изјави Ана Мразова, портпаролка на библиотеката Милан Кундера во неговото родно Брно.

Роден на 1 април 1929 година, во вториот по големина град во Чешката Република, Кундера пишувал песни и раскази пред да биде објавен неговиот прв роман „Шега“ во 1967 година.

Сепак, тој емигрирал во Франција во 1975 година, откако бил прогонет поради критикување на советската инвазија на тогашна Чехословачка.

Тој го вратил своето чешко државјанство пред само четири години, во 2019 година. Ретко даваше интервјуа, верувајќи дека писателите треба да зборуваат преку нивните дела.