Врховниот суд го прифати барањето да се преиспита пресудата за предметот „Плацеви на Водно“ од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.
Судот го добил барањето на 10 јули, поднесено од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје.
Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.
Во предметот Плацеви на Водно Мијалков Груевски покрај за нелегалното купување на плацеви на Водно, осуден е и за злоупотреба на партиските донации.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно.
Видете и ова: Апелација му ја укина затворската казна на Мијалков, а му ја зголеми на ГруевскиНикола Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, за спорна набавка на службено возило мерцедес побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.