Министерство за финансии не им одобри додатоци на плата на судиите и вработени во Судскиот совет. Судскиот совет за овој одговор од Министерството за финансии ќе дискутира на итна седница закажана за утре.
Новиот претседател на Судскиот Совет Сашко Георгиев го испратил барањето до Министерството кон крајот на јуни. Во него е наведено дека бара одобрение за пренамена на буџетот за судска власт во вредност од три илјади евра.
„Пренамената се врши со цел обезбедување на средства за исплата на додатоци на плата во износ од 20 проценти за вработените во Академијата за судии и јавни обвинители за месец јуни 2023 година,“ е објаснувањето од Судскиот совет.
Видете и ова: Ковачевски ја поддржува оценувачката мисија на ЕУ за Судски советОд Министерството за финансии одговориле дека не треба да се создаваат неизмирени обврски на крајот на годината на расходните ставки од каде се врши пренамена на средства и да се реализираат обврски.
„Министерството не ја одобрува планираната прераспределба на средства имајќи в предвид дека со оваа прераспределба не се покрива недостатокот во масата на плати и соодветно на тоа не би имало расположливи средства за исплата на додатоци на плата“ се вели во одговорот на Министерството.