Франција одлучи да и достави на Украина ракети со долг дострел за да може да се брани од руски напади, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон во пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.
„Решив да ги зголемам испораките на оружје и опрема за Украина, за да им овозможам да вршат напади длабоко на територијата. Во исто време, ние се придржуваме до нашата доктрина, која има за цел да и овозможи на Украина да ја брани својата територија “, изјави Макрон.
Видете и ова: ЕУ одобри 3,5 милијарди евра за воена помош за УкраинаПортпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков зборувајќи за плановите на Франција рече дека тоа е погрешна одлука.
„Секако, останува да се открие за каков дострел се работи. Од наша гледна точка, тоа е погрешна одлука, која ќе има последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе нè принуди да преземеме контрамерки“, изјави Песков, а пренесоа руските медиуми.
Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.
Во литванската престолнина денеска и утре се одржува самит на НАТО, на чија агенда се прашањата за приемот на Шведска во Алијансата и аспирациите за членство на Украина во северноатланскиот воен сојуз.