Азербејџанските власти денеска соопштија дека „привремено“ го прекинале патниот сообраќај на коридорот Лачин, единствениот пат што ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах.
„Привремено е прекинато минувањето преку граничниот премин Лачин“, соопштија азербејџанските граничари, додавајќи дека мерката е преземена поради откривање на шверцерски возила на ерменскиот огранок на Црвениот крст.
Азербејџанските власти соопштија дека е отворена кривична истрага и дека граничниот премин ќе биде затворен додека не се завршат „неопходните истражни мерки“.
Од декември, Ерменија го обвинува својот сосед за блокирање на снабдувањето во регионот Нагорно-Карабах и за создавање хуманитарна криза со блокирање на тој коридор.
Видете и ова: Нови тензии меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно КарабахЕрменскиот огранок на Црвениот крст на крајот на јуни објави дека медицинските испораки во болниците во Нагорно-Карабах, како и транспортот на тешко болни пациенти, биле прекинати низ тој коридор.
Ерменија и Азербејџан се во конфликт од 2020 година за контрола на регионот Нагорно-Карабах. Конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.
Оттогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија веќе неколку месеци реагира за „нивна неефикасност“. Нагорно-Карабах (претежно ерменска територија) се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна во која загинаа околу 30 000 лица во 1990-тите.