Лидерите земјите членки на НАТО ќе се состанатат утре во Вилнус со цел да ги надминат поделбите во врска со притисокот на Украина за пат кон членство и да стават крај на блокадата на Турција за приклучување на Шведска во Алијансата.
Безбедноста на Самитот во литванската престолнина во вторник и среда ќе биде на високо ниво, со три германски противвоздушни единици „Патриот“ распоредени за да го заштитат местото каде што ќе се одржува, што се случува за прв пат на еден самит од неговото постоење.
Видете и ова: Бајден порача дека Украина не е подготвена за членство во НАТОГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави до знаење дека Украина нема да стане членка додека трае војната и дека од самитот во Вилнус нема да биде испратена официјална покана до Киев.
Во НАТО нема едногласна позиција за тоа дали Украина треба да добие членство „во овој момент, среде војна“.
Пред самитот, неколку земји го поддржаа британскиот предлог да му се дозволи на Киев да ја прескокне таканаречената програма Акционен план за членство (МАП), која ги поставува политичките, економските и воените цели што кандидатите мора да ги исполнат и кои ги имаа другите земји од Источна Европа пред влез во НАТО.