Узбекистанскиот претседател освои втор мандат

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиоев

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиоев освои втор мандат на претседателските избори одржани во неделата. Узбекистанската изборна комисија соопшти дека Мирзиоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто.

Предвремените претседателски избори Мирзиоев ги распиша по референдумот за измена на Уставот одржан на 30 април. Мирзиоев за првпат беше избран во 2016 година, а беше реизбран во 2021 година без вистинска конкуренција, како што тогаш посочија меѓународните набљудувачи.

65 годишниот претседател на Узбекистан, по професија земјоделски инженер, се претстави како реформатор кој може да ја води својата земја на патот на развојот и отворањето.

Видете и ова: Узбекистан бира претседател, актуелниот има тројца „симболични“ противници


Уставната промена се однесува на времетраењето на претседателскиот мандат кој беше пет години, а сега е седум години.

Според новиот Устав, Мирзиоев ќе може да се кандидира за функцијата уште двапати, што теоретски би значело дека тој би можел да остане на власт до 2037 година