„Србија против насилството“: Поддршка за полицајата и барања за смена на раководството на РТС

Илустрација, Протести „Србија против насилство“

Поддршка за полицајците кои „чесно“ ја вршат својата работа и барање за смена на раководството на државната радио телевизија на Србија (РТС) го одбележа десеттиот протест „Србија против насилството“ во Белград на 8 јули.

По обраќањето пред Собранието на Србија, учесниците во протестна прошетка стигнаа до полициската управа во Белград, за да им дадат поддршка на инспекторите како Слободан Миленковиќ и Душан Митиќ, кои ја открија плантажата со марихуана на имотот „Јовањица“.

Видете и ова: Протест против насилството пред ТВ Пинк во Белград


Таму, на ѕидовите од зградата, ги проектираа изјавите на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ, чие разрешување е едно од барањата на протестот.

Учесниците на протестот скандираа „Оставка“, „Вучиќ, замини“ и „Ние сме светлина, тие се темнина“.

На пат кон Полициската управа во Белград, учесниците на протестот застанаа на кратко кај зградата пред државната радио-телевизија на Србија (РТС), од каде повикаа на смена на раководството на јавниот медиумски сервис.

Видете и ова: Протест „Србија против насилство“ и во Вашингтон

Во повеќе градови на Србија веќе два месеци се организираат протести на „Србија против насилството“, на покана на некои опозициски партии.

Причина за масовните собири е реакцијата на граѓаните и дел од опозицијата на одговорот на државата по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај, а во кои загинаа 19 лица.