Блинкен го обвини Додик за кршење на Уставот на БиХ и поткопување на Дејтонскиот договор

Илустрација, Антони Блинкен, Државен секретар на САД

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го обвини претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека го прекршил Уставот на Босна и Херцеговина и го поткопува Дејтонскиот договор.

Во саботата наутро, Блинкен на својот официјален профил на Твитер напиша дека Додик „со потпишувањето на законот за негирање на овластувањата на високиот претставник го прекршува Уставот на Босна и Херцеговина и го поткопува Дејтонскиот договор“.

Видете и ова: Поранешниот шеф на разузнавачката служба на БиХ е ставен на „црната листа“ на САД


„САД ја поддржуваат ОХР БиХ (Канцеларијата на високиот претставник во БиХ), како и суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина“, додаде американскиот државен секретар во својата порака.

И специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека во Босна и Херцеговина е „позагрижен“ од можноста за економски и демографски колапс отколку војната, додавајќи дека тоа е „многу пореална опција .

Ескобар рече дека САД ќе го заштитат Дејтонскиот договор, територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и централните институции од нападите на Додик.

Видете и ова: Европарламентарци бараат ЕУ да воведе санциии против Додик


Дополнително, тие ќе бидат подготвени да „реагираат многу силно“ со правни средства како што се санкции, доколку се покаже дека најавата на Додик за референдум за статусот на Република Српска не е само уште една празна закана, рече Ескобар.

„Нема да се откажеме од Дејтонскиот договор и нема да се откажеме од нашите обврски кон таа земја. Нема легални начини за отцепување на субјектот. Се надевам дека тоа е само политичка реторика, но ако не, ќе бидеме подготвени да реагираме со правни значи“, нагласи американскиот дипломат.

Во последната ескалација на тензиите во Босна и Херцеговина, Собранието на Република Српска во јуни, на иницијатива на Додик, донесе закон со кој се забранува спроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина на територијата на тој ентитет.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со одлука од 1 јули ги поништи спорните закони и го измени Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, со што се отвори простор за кривично гонење на одговорните за загрозување на уставниот поредок на државата. .