По серијата немири, париската полиција го забрани протестот против полициското насилство

Илустрација

Париската полиција го забрани планираниот протест против полициското насилство што требаше да се одржи денеска, седум дена откако Франција беше потресена од немири предизвикани од убиството на тинејџер во предградие на Париз.

Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на Републиката е забранет поради ризикот за јавниот ред и мир, наведувајќи го „контекстот на тензија“ по неодамнешните немири и насилство на улиците низ Франција.

Претседателот Емануел Макрон и француските власти ги отфрлаат обвинувањата за институционален расизам во рамките на силите за спроведување на законот во земјата, но по смртта на тинејџерот Нахел М., тие се под зголемен притисок од активисти да го решат проблемот со расното профилирање и регрутирањето и обуката на полицијата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Mасовни нереди во Франција

Француската полиција се најде под лупата на јавноста откако полицаец го застрела 17-годишниот Нахел на семафор на 27 јуни. Младиот човек возел спортски автомобил без дозвола.

Полицаецот кој беше обвинет за убиство на тинејџер е приведен и покрената е истрага за убиство од небрежност.

Видете и ова: Француските градоначалници ги повикаа граѓаните на протест против немирите

Неговиот адвокат за новинарите изјавил дека полицаецот нишанил во ногата на бегалецот, но во налетот на автомобилот истрелот завршил во градите. Полицаецот, тврди адвокатот, немал намера да го убие младиот човек.