Руските сили со извршија напад со дронмови врз украинскиот град Кривиј Рих во текот на ноќта, при што беше рането најмалку едно лице и оштетени се неколку згради и возила, соопштија локалните власти рано утрово, на 8 јули.
Еден 26-годишен маж е хоспитализиран „со лесни повреди“, напиша на Телеграм Олександр Вилкул, шеф на градскиот совет за одбрана.
„Уништувањето е значително“, рече Вилкул, додавајќи дека нападите предизвикале пожар што „набргу бил изгаснат од спасувачите“.
Беспилотни летала погодија земјоделско претпријатие, „уништувајќи една од неговите згради и тешко оштетувајќи друга“, рече Вилкул. Во нападот беа оштетени и седум камиони, рече официјалниот претставник.
Вилкул рече дека ситуацијата е „под контрола“ во Кривиј Рих, еден од најголемите градови во југоисточната провинција Дњепропетровск.
„Важната инфраструктура, јавниот транспорт и социјалните и медицинските установи функционираат нормално“, рече Вилкул.
Регионалниот гувернер на Днепропетровск, Серхиј Лисак, рече дека пожарот избувнал на две локации по нападот, уништувајќи неколку магацини, опрема и возила.
„Пожарот зафати околу 360 квадратни метри“, напиша Лисак во пораката на Телеграм.
Видете и ова: САД ќе обезбеди касетна муниција за Украина, дел од новиот воен пакетПоследните руски напади доаѓаат додека Украина се обидува да продолжи со својата контраофанзива против руската инвазија.
Соединетите држави се очекува да го обезбедат својот следен пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува касетна муниција, изјави на 7 јули американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан пред официјалното соопштение на Пентагон.
„Знаеме дека касетната муниција создава ризик од цивилна штета од неексплодирани убојни средства“, рече Саливан. „Ова е причината зошто ја одложивме одлуката онолку долго колку што можевме“.
Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Ен-Ен рече дека одлуката е тешка, но тој верува дека на Киев му треба оружје за да ги спречи руските сили да ја запрат украинската контраофанзива.
Новиот пакет воена помош ѝ дава на Украина „дополнителни артилериски системи и муниција, вклучително и високо ефикасна и подобрена конвенционална муниција за двојна намена“, се вели во соопштението на Пентагон, осврнувајќи се на касетната муниција.
Пакетот, проценет на 800 милиони долари, е 42-риот што ѝ е доставен на Украина од залихите на САД, рече државниот секретар Антони Блинкен во соопштението. Вклучува дополнителна прецизна воздушна муниција, муниција за ракетни системи со повеќекратно лансирање, хаубици од 155 милиметри, друга муниција и повеќе оклопни возила Бредли и Страјкер, рече Блинкен.
Видете и ова: Германија е против испраќање касетна муниција во УкраинаКасетната муниција се бомби кои се отвораат во воздухот и ослободуваат голем број помали бомби, од кои многу не експлодираат, ставајќи ги цивилите во опасност дури и долго по завршувањето на војните.
Украина вели дека ѝ треба касетна муниција за да ги напаѓа вкопаните руски позиции. Вети дека ќе ја користи муницијата внимателно, рече Саливан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на Бајден и на американскиот народ за „навремениот, широк и многу потребен пакет одбранбена помош“, кој според него ќе ја доближи Украина до победата над непријателот, а демократијата поблиску до победата над диктатурата.
Зеленски беше во Турција на 7 јули на разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на крајот на турнејата во четири земји пред самитот на НАТО следната недела во Вилнус. Тој рече дека на дневен ред се безбедносните гаранции и украинскиот договор за извоз на жито со Русија, за што Турција посредуваше минатата година.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со Зеленски во Истанбул, Ердоган рече дека Киев заслужува да се приклучи на НАТО, но исто така го повика да почне мировни преговори со Москва.
Ердоган, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде во прва посета на Турција откако Кремљ ја започна инвазијата на Украина пред 500 дена.
Зеленски беше на турнеја изминатите два дена за да добие поддршка за кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО пред самитот на воената алијанса следната недела.