Румен Радев, Мицкоски и Илон Маск
УКРАИНА - Обединетите нации ја потврдија смртта на 9.177 цивили во Украина како резултат на руската инвазија. Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН на 7 јули објави дека меѓу загинатите има 535 деца.
МАКЕДОНИЈА - Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица.
МАКЕДОНИЈА - После комисијата од државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и комисија од Министерството за здравство ќе врши увид во Клиниката за Гинекологија и акушерство (ГАК) каде родилка се обиде да си го одземе животот откако се породи.
САД - Администрацијата на претседателот Џо Бајден донесе одлука да обезбеди касетна муниција за Украина и се очекува во петок да објави дека Пентагон ќе испрати илјадници од нив како дел од новиот пакет воена помош вреден до 800 милиони долари за воените напори против Русија, велат извори запознаени со одлуката за новинската агенција Асошитет Прес.
ГЕРМАНИЈА - Германија се противи на испраќање касетна муниција во Украина, изјави нејзиниот министер за надворешни работи, Аналена Баербок. Оваа изјава доаѓа на еден ден откако американските официјални лица изјавија дека Вашингтон размислува да му го обезбеди на Киев таквото оружје.
ТУРЦИЈА / УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 7 јули, додека Киев се залага за членство во НАТО и дополнително оружје што би можело да биде распоредено во контраофанзива против руските сили.
BUGARIJA / UKRAINA - Украинскиот претседател Володимир Зеленски достави список со оружје што и е потребно на неговата земја за време на неговата посета на Бугарија. Ова во петокот го соопшти министерот за одбрана Тодор Тагарев. Украина бара системи за противвоздушна одбрана и тешка опрема, но не и авиони, изјави тој.
МАКЕДОНИЈА - Ранет е таткото на исчезнатото момче Самоил Костадиновски, Љупчо при вооружен напад пред неговиот дом рано утринава во скопската населба Аеродром, потврди полицијата. Исчезнатиот Самоил е внук на поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
МЈАНМАР - Владата на Мјанмар, контролирана од војската, ги обвинува продемократските борци за убиство на 15 цивили во ноќен минофрлачки напад во немирна централна област на земјата. Овие обвиненија герилската група ги негираше.
САД - Твитер се закани дека ќе ја тужи Мета само неколку часа откако матичната компанија на Инстаграм го лансираше Threads, апликација за која се надева дека ќе ја победи компанијата во сопственост на Илон Маск.
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека на екс-министерот од неговата партија Миле Јанакиески му се спроведува непрадва, откако тој денеска беше спроведен во затворот Идризово на издржување на затворска казна за случајот Титаник.