Обединетите нации ја потврдија смртта на 9.177 цивили во Украина како резултат на руската инвазија.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН на 7 јули објави дека меѓу загинатите има 535 деца.
Канцеларијата исто така потврди 15.993 повредени, меѓу кои 1.095 деца, се вели во соопштението. Смртни случаи и повреди се регистрирани во 1.504 населени места во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година до 30 јуни 2023 година.
Видете и ова: Русија изврши смртоносен ракетен напад врз Криви Рих, има загинатиОбединетите нации забележуваат дека реалниот број на загинати и ранети може да биде многу поголем, бидејќи на мисијата и е тешко да собира информации за териториите окупирани од Русија.
Составувањето податоци на ОН не вклучува статистика за загинатите и ранетите во Мариупол, Лисичанск, Попаснаја и Северодонецк.
Најголем број убиени и ранети цивили се регистрирани во областите Доњецк, Харков, Киев, Херсон и Луганск.
Околу 90 проценти од сите загинати и повредени биле жртви на ракетни истрели и бомбардирање. Прострелните рани се на второ место меѓу причините за смрт и повреди.
Неодамнешното социолошко истражување на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажа дека мнозинството Украинци (78 проценти) имаат блиски роднини или пријатели кои биле повредени или убиени како резултат на руската инвазија на Украина.
Видете и ова: Над 238.000 убиени во конфликти ширум светот во 2022 година