Фиала- иднината на Украина е во ЕУ и НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на Чешка, во претседателската вила во Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на Чешка, во претседателската вила во Прага

Иднината на Украина лежи во членството во Европската унија и НАТО, изјави чешкиот премиер Петр Фиала, говорејќи по средбата со претседателот Володимир Зеленски.

Тој, исто така, на прес-конференција на 7 јули, по состанокот со украинскиот лидер, рече дека Чешка ќе обезбеди воени хеликоптери покрај другата поддршка што ја дава на Киев.

Видете и ова: Павел е против идејата за испраќање на воени авиони во Украина

Зеленски ги замоли европските претставници да направат „се што е можно“ за да започнат разговори за пристап во блокот оваа година.

„И Украина се бори за нас, за безбедноста на цела Европа“, рече Фиала.