Илон Маск се заканува со тужба против Марк Зукерберг

Илустрација

Твитер се закани дека ќе ја тужи Мета само неколку часа откако матичната компанија на Инстаграм го лансираше Threads, апликација за која се надева дека ќе ја победи компанијата во сопственост на Илон Маск.

Во писмото до извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, објавено од онлајн медиумот Семафор во четвртокот, адвокатот на Маск Алекс Спиро ја обвини компанијата за „незаконско присвојување на трговските тајни на Твитер и друга интелектуална сопственост“.

Во писмото се обвинува Мета дека вработил десетици поранешни вработени во Твитер, кои „имале и имаат пристап до трговските тајни на Твитер и други многу доверливи информации“.

Threads е најголемиот предизвикувач досега на Твитер во сопственост на Маск, на кој се појавија низа потенцијални конкуренти, но сè уште не ја замениле една од најголемите светски платформи за социјални медиуми, и покрај нејзините борби.

Видете и ова: Шведското јавно радио го напушта Твитер

Последниот потег на Цукерберг против Маск дополнително го засили ривалството меѓу двајцата мултимилијардери кои дури се согласија да се натпреваруваат во борба со рака во кафез.

За неколку часа, повеќе од 30 милиони луѓе ја презеле апликацијата Threads, изјави Зукерберг во четвртокот.

„Се чувствувам како почеток на нешто посебно, но ни претстои многу работа за да ја изградиме апликацијата“, напиша Зукерберг на неговиот официјален профил на Threads.

Веќе беа активни сметки за познати личности како што се Џенифер Лопез, Шакира, Опра Винфри и Хју Џекмен, како и медиуми, вклучувајќи ги Вашингтон пост и Економист.

„Ќе биде потребно извесно време, но мислам дека треба да има апликација за јавни разговори со 1 милијарда+ луѓе на неа. Твитер имаше можност да го направи ова, но не успеа. Се надеваме дека ние ќе го направиме тоа“, напиша Зукенберг.

Твитер соопшти дека има повеќе од 200 милиони корисници дневно.
Маск во меѓувреме ретвитна слика на која пишува дека логото на Threads личи на тенија. „И метафорично“, додаде тој.

Во друга објава во која се повикува на потенцијалната правна постапка на Твитер против Мета, Маск истакна дека „конкуренцијата е добра, а мамењето не е“.