Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Софија на 6 јули на средби со владини претставници, вклучително и со новиот бугарски премиер, кој сигнализираше прекин од неподготвеноста на претходната преодна влада да обезбеди помош за Украина кога тојја презеде власта минатиот месец.
Премиерот Николај Денков ја истакна поддршката на неговата земја за Украина за време на кратката посета на Зеленски на бугарската престолнина.
„Бугарија е доследна во поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина бидејќи сме убедени дека независна и суверена Украина е клучна за евроатлантската безбедност во регионот“, рече Денков по разговорите со Зеленски.
„Русија треба безусловно да се повлече во нејзините меѓународно признати граници и треба да ја сноси својата одговорност“, додаде Денков.
Посетата на Зеленски се совпадна со гласањето во бугарскиот парламент за поддршка на декларацијата за поддршка на Украина да се приклучи на НАТО по завршувањето на војната.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Советникот на Зеленски, Ихор Жовква, на Фејсбук објави дека Денков и Зеленски потпишале декларација за интеграција на Украина во западните организации, имено НАТО и ЕУ.
„Денес Бугарија, нашиот важен партнер во регионот на Црното Море, стана 22-та држава со која ја официјализиравме поддршката за членството на Украина во алијансата“, рече Жовква. „Документот јасно покажува дека Бугарија го поддржува членството на Украина во НАТО штом ќе дозволат условите.
Видете и ова: ЕУ лидерите со поддршка за Украина сѐ додека е потребноЗеленски претходно на Телеграм рече дека ќе одржи „длабински разговори“ со Денков и ќе се сретне со претседателот Румен Радев и други владини претставници при посетата на земјата-членка на НАТО и ЕУ.
И покрај најавеното противење на Радев за испраќање воена помош во Киев, бугарската влада минатата недела одобри нов пакет.