Контаминирана земја од ОХИС со линдан транспортирана во Франција

Илустрација, Ископ на контаминирана земја со линдан во малата депонија на ОХИС

Контејнер со контаминирана земја ископана од малата депонија во ОХИС заминаа за Франција информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е во рамки на акцијата за ремедијација на загадената почва со линдан која започна на крајот на минатата година.

Од Министерството соопштуваат дека од Лот 3 ќе се отстранат 525 тони отпад и 210 тони контаминирана земја. Во наредните два месеци ќе се транспортираат надвор од границите на Република Северна Македонија, велат од таму.

„Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спакувани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани и спакувани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

Видете и ова: Контејнер со контамирана земја од Охис замина за Германија

Лани на 1 декември по комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана и спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја тогаш беше Германија, каде беше испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

Според Министерството на чистењето на третиот лот претходела подготвителна активност во која на 9 јуни било донесено Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco.

Видете и ова: Се истражува загаденоста на Пеленица во Драчево, прелиминарните резултати покажуваат линдан во почвата

По ова од 12 јуни 2023 година фирмата продолжи со работа, информираа од МЖСПП. Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.