Од Лога до Борел

ХОЛАНДИЈА - Обединетото Кралство, Канада, Шведска и Украина во средата покренаа случај против Иран пред највисокиот суд на Обединетите нации поради соборувањето на украинскиот патнички авион во 2020 година и смртта на сите 176 патници и членови на екипажот.

МАКЕДОНИЈА - Уставниот суд на 5 јуни донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност.

УКРАИНА - Украинската полиција истражува експлозија во окружниот суд во Киев, за која властите сметаат дека можеби била предизвикана од маж кој активирал уред откако пристигнал на сослушување.

УКРАИНА - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на 5 јули повика на дополнителен пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина за да потврди дека на локацијата има мини или експлозиви.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Фатмир Меџити на претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза им ветил дека за најмалку 42 пациенти со оваа болест ќе биде обезбеден лекот „трикафта“ до крајот на годината.

МАКЕДОНИЈА - Владата одлучи да ги спои двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица во струмичко. Тоа предизвика реакции од активистите за животна средина кои се противат во тој земјоделски крај да се отвораат рудници.

ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Европската унија (ЕУ) испраќа оценска мисија во Северна Македонија за работата на Судскиот совет, најави евроамбасадорот Дејвид Гир. Најавата доаѓа по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци.

САД - Обединетите нации остануваат посветени да вложат максимални напори за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црното Море, што наскоро ќе истече, изјави генералната секретарка на ОН за трговија и развој, Ребека Гринспан.

ЕУ - Европските претставници кои директно се занимаваат со Босна и Херцеговина ја повикаа Европската унија (ЕУ) да воведе санкции против претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик.

КИНА - Кина ја откажа посетата на шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, планирана за следната недела, изјави портпаролот на ЕУ на 4 јули.

РУСИЈА - Во областите Бахмут, Лиман, Авдијивка и Маријнка во Донецк, продолжуваат тешките борби, објави Генералштабот на украинската војска на 5 јули. Во текот на претходните 24 часа во областа имало 40 борбени судири, објавија Генералштабот. Во исто време Москва го обвини Киев за напади во пограничните руски региони.