Европските претставници кои директно се занимаваат со Босна и Херцеговина ја повикаа Европската унија (ЕУ) да воведе санкции против претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик.
„Кредибилитетот на ЕУ е доведен во прашање. Со оглед на тежината на ситуацијата во Босна и Херцеговина, Европската унија не може само вербално да се согласи со одлуките на високиот претставник. Таа треба да го поддржи со свои конкретни иницијативи“, наведоа тројца европски пратеници во заедничка изјава.
Потписници на заедничката изјава се Дејвид Мекалистер, претседател на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП), постојаниот известувач за Босна и Херцеговина Пауло Рањел, како и претседател на парламентарната делегација за односи со Босна и Херцеговина и Косово Ромео Франц.
Тие најостро го осудуваат донесувањето на законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и измената на Законот за објавување на законите и другите прописи на Република Српска, кои, како што велат, „ претставуваше директен напад врз уставниот поредок на БиХ и очигледно кршење на Дејтонскиот мировен договор“.
Видете и ова: Додик порача дека не ги прифаќа одлуките на високиот претставник ШмитНародното собрание на Република Српска на 27 јуни одлучи дека одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на ентитетот.
Европратениците порачуваат дека е крајно време ЕУ и нејзините земји-членки конечно да воведат таргетирани санкции за Милорад Додик, кој веќе е под санкции од САД и Велика Британија, и неговите сојузници, доколку е потребно и на билатерално ниво.