Од Феникс до Авганистан

РУСИЈА / ЧЕЧЕНИЈА - Наградуваната руска истражувачка новинарка Елена Милашина и адвокатот Александар Немов биле жестоко претепани од вооружени лица за време на патувањето во Чеченија, објави групата за човекови права „Тим против тортура“ на 4 јули.

ХОЛАНДИЈА - Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат во голема мера забранети во училниците во Холандија од 1 јануари 2024 година, објави на 4 јули холандската влада.

ЕУ - Земјите-членки на ЕУ примиле речиси милион барања за азил во 2022 година, а најмногу Германија, објави денеска Европската агенција за азил (ЕУАА). Тоа е зголемување од околу 50 отсто во споредба со 2021 година во земјите од ЕУ плус, каде се вклучени Лихтенштајн, Исланд, Норвешка и Швајцарија.

АВГАНИСТАН - Талибанците наредија затворање на фризерските и козметичките салони во Авганистан во рамки на најновите ограничувања на правата со кои се соочуваат жените.

ИЗРАЕЛ - Седум лица се повредени, од кои три потешко, во напад со автомобил и нож на 4 јули во Тел Авив, Израел. Портпаролот на израелската полиција инцидентот го нарече „терористички чин“. Возачот бил „неутрализиран“ од припадници на итната државна служба на местото на настанот.

БИХ - Европската комисија одобри четири проекти за Босна и Херцеговина во вредност од 298 милиони евра. Сите проекти се од ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, а ниту еден од Република Српска.

БЕЛГИЈА - Земјите-членки на НАТО се согласија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, соопштија од Алијансата.

ЈАПОНИЈА - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), тело на Обединетите нации, денеска и даде зелено светло на Јапонија да испушти ниско ниво на радиоактивна отпадна вода од скршената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан. МААЕ тврди дека науката не ја оправдува загриженоста на граѓаните, пишува „Волстрит Журнал“.

ТУРЦИЈА / ЕГИПЕТ - Египет и Турција првпат по десет години именуваа амбасадори во Каиро и Анкара, со цел да ги обноват нормалните дипломатски односи, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.

МАКЕДОНИЈА - Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството.

РУСИЈА - Руската противвоздушна одбрана собори пет беспилотни летала во Московската област, соопшти руското Министерство за одбрана во вторник наутро, на 4 јули, наведувајќи дека нема жртви.

ХОЛАНДИЈА - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека стори се што е во нејзина моќ за да го повика на одговорност рускиот претседател Владимир Путин и другите одговорни за наводните злосторства извршени за време на војната на Кремљ против Украина. Таа ова ветување го даде по повод отварањето на Меѓународниот центар за гонење на криминалот на агресијата (ICPA).